Организаторот одбил минута молчење, шпански пливач остана „замрзнат“ на платформата (Видео)

alvares

Шпанскиот пливач Фернандо Алварес стана хит на социјалните мрежи поради својот потег за време на трката 200 метри градно на Мастерс турнир за ветерани кој викендов се одржува во Будимпешта.

Организаторите го одбиле барањето на Алварес за минута молчење во чест на загинатите во терористичкиот напад во Барселона, а тој решил истото да го направи на „своја рака“.

По означувањето на стартот на трката, Алварес остана на платформата и се најде во базенот дури откако помина една минута.

– Ми кажаа дека нема време за едноминутно молчење. Почнав да пливам една минута подоцна, но сега се чувствувам подобро и од сценарио во кое би го освоил златото, – изјавил Алварес.

Facebook Коментари