АТП
Организаторот ги одреди термините за полуфиналните возбудувања, Ѓоковиќ го откажа последниот тренинг

На еден ден пред одигрување на полуфиналните мечеви во машка конкуренција, организаторите на Аустралијан Опен и дефинитивно ги одредија термините за двата петочни спектакли, со тоа што оној позвучниот ќе се игра во понепопуларен термин.
Пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев ќе се игра преку ден во Мелбурн, што значи дека по средноевропско време мечот ќе почне во 4:30 часот наутро.
Ова секако е најнепосакуваната вест за фановите на српскиот тенисер на Балканот, па сите кои ќе сакаат во живо да го следат преносот од мечот, ќе мора да ги навиваат будилниците.
Организаторите решија ударниот вечерен термин да му го доделат на светскиот рекет број еден, што значи дека Синер ќе излезе на мегдан против Шелдон најрано во 9:30 часот наутро (во зависност од првото полуфинале).
Најавата за двата тениски дуели рано утрово донесе и уште една вест која малку ги загрижува фановите на Ѓоковиќ, бидејќи искусниот Србин реши да го откаже и последниот тренинг пред дуелот со Саша Зверев.
Ноле го повреди бутот на мечот со Алкарас и вчера не излезе да тренира, но за таква тактика се одлучи и денеска со цел да заштеди што повеќе сили, но и да се обиде да се рехабилитира најмногу што може за мечот кој следи.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија16 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони12 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)