Организаторите на Вимблдон му ја исполнија желбата на Ѓоковиќ, Федерер нема да игра на централниот терен

djokovic5

Новак Ѓоковиќ потврди дека официјално побарал од организаторите на Вимблдон да игра на централниот терен во рамките на четвртфиналето, а денеска се покажа дека неговата реакција вроди со плод.

Според официјалниот распоред, утре токму Ѓоковиќ ќе ја отвори четвртфиналната сесија на централниот терен и со дуелот против Кеи Нишикори, а вториот меч на распоредот таму е пресметката меѓу Надал и Дел Потро.

Распоредот покажува дека поради барањето на Србинот, извиси актуелниот шампион Рожер Федерер, кој своето четвртфинале ќе го игра на теренот број еден. Слично како мечот Федерер-Андерсон, на овој терен веднаш по нив ќе играат Раониќ и Изнер.

Facebook Коментари