Поврзете се со нас

АТП

Организаторите на Ју-Ес Опен со официјален став за настапот на Ѓоковиќ

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ до последно ќе се надева дека ќе добие можност да настапи на Ју-Ес Опен, но неговите шанси се значително намалени по последната изјава од организаторите на тенискиот грен-слем.

Американците го условуваат влезот во државата со целосна вакцинација, а Ѓоковиќ веќе потврди дека не планира да се вакцинира како заштита од коронавирусот.

– Ју-Ес Опен нема никакви ограничувања во однос на вакциналниот статус на тенисерите, но ќе ги почитува правилата на државата во однос на влезот на странски државјани, – велат организаторите, најавувајќи дека не постои начин да се добие некаква дозвола за присуство на Ѓоковиќ.

Турнирот се игра од 29 август до 11 септември, а српскиот тенисер би бил меѓу главните фаворити за неговото освојување.

Американските власти строго се држат до правилото, а поради истото и голем број фудбалери на елитните европски клубови не отпатуваа со екипите на американската турнеја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни