Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Расадник повторно ќе биде дом на „црвено- црните“
Општина Кисела Вода денеска информираше дека го презеде управувањето со спортската сала „Расадник“.
Извршено е примопредавањето и објектот, без долгови е преземен на трајно користење од владиното „Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт“.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој денес изврши увид во руинираната сала, истакна дека сега, откако Кисела Вода правно управува со неа, ќе започне процес за целосна реконструкција и враќање на сјајот на овој некогашен дом на спортот и спортските великани.
-Со големо задоволство сакам да ве информирам дека конечно правно ја вративме салата Расадник. Ја прездовме без долговите кои ги имаше и започнуваме процес за нејзина темелна реконструкција. Со овој чин, ставаме крај на 30-годишната негрижа која овој објект го претвори во руина, во демолиран, небезбеден и целосно уништен простор кој од најголема гордост, стана најголем срам, не само за Кисела Вода, туку и за цела Македонија. Почитувани, од денес вртиме нова страница во приказната за салата Расадник. Од денес испишуваме ново поглавје кое ќе го врати сјајот на овој спортски објект. Расадник повторно ќе биде центар на најголемите спортски случувања, повторно ќе биде дом на „црвено- црните“ и на сите други значајни клубови. Место од каде ќе одекнуваат аплаузи и навивања, место каде ќе се слави успехот,- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
-
Светски првенства11 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија21 час
Ендрик и Валверде воодушевија со два „проектили“, Реал потешко од очекувањата до четвртфиналето во Купот (Видео)
-
Англија22 часа
Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)
-
Шпанија23 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ за своите испади на теренот: Свесен сум дека не се претставувам себе на најдобар начин
-
Италија12 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства13 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија