Македонија
Оптимизам во таборот на Вуков по првиот тест во 2021 година!

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков – Рико, денеска одработи тест на автодромот „Марко Симончели“ лоциран во Мизано, крај Римини, кој важи за патека на која со традиција се вози мотоциклистичката трка за Големата награда на Сан Марино.
Ова беше негов прв тренинг во новата сезона, откако пред еден месец на спектакуларната промоција во Скопје го прикажа возилото со кое ќе настапува во 2021 година. Иако тестирањето беше неофицијален настан, организцијата сепак беше преку неговиот тим „GDL racing“ со кој настапува во Порше Карера Куп.
– На ова тестирање имаше различни возила, од повеќе различни првенства. Неколкумина беа од моето натпреварување, но имаше и од ТЦР Италија и од ГТ-шампионатот. Временските услови беа стабилни, но сепак ниските утрински температури, како и фактот дека вчера тестирале мотоцикли, доведе до нерепрезентативни времиња во претпладневниот дел. Попладнето се беше речиси совршено, гумираноста на асфалтот се подобри и бевме во можност прилично лесно да ги постигнеме најбрзите времиња кои ги постигнавме лани.Тоа ни дава оптимизам дека кога ќе дојдат натпреварите ќе бидеме во ситуација да се подобриме од резултатска гледна точка.
Новата сезона на Вуков започнува со трките на 5 и 6 јуни, а тој очекува дека област во која може да постигне најголем напредок се квалификациите.
– Денес се фокусиравме на надградба на системите кои се користат на тренинзите, а ни се од помош за сетирањето на автомобилот. Тоа унапредување би требало да доведе до полесен сет-ап, односно брзина во еден круг. Инженерите на тимот исто така ми помогнаа со информации од нивна страна, бидејќи тие имаат можност да ги анализираат податоците од овој тест, споредено со она што сме го имале во трка.
Овој тест нема да биде единствен во пресрет на новата сезона. Следна шанса за Вуков и неговиот тим ќе биде тестот на патеката Муџело кој е закажан за 10 и 11 април.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо