Италија
„ОПТА“ го избра идеалниот тим на Серија А за сезоната 2019/20
Шампионот Јувентуси има најмногу претставници во идеалниот тим на сезоната во Серија А, одреден според статистиката на „ОПТА“.
Експертите на „ОПТА“ ја следеа и оваа, веќе завршена сезона на Серија А, споделувајќи голем број интересни информации во текот на истата, а на крајот според своите податоци ги избираат и единаесетте најдобри во италијанското првенство.
Јувентус е претставен преку Кристијано Роналдо и Пауло Дибала во нападот, Хуан Куадрадо како десен бек и Војчех Шчесни кој имал најдобри бројки меѓу голманите.
Интер кој го освои второто место на табелата има само еден претставник и тоа дефанзивецот Стефан де Врај, а иста ситуација е и со Аталанта чиј единствен претставник е Папу Гомез.
Еден претставник имаат и Наполи и Милан, а тоа се Фабијан Руиз во средниот ред, односно Тео Ернандез на левата бековска позиција.
Лацио влезе во идеалниот тим со по еден претставник во секоја линија, поточно со Франческо Ачерби, Луис Алберто и Чиро Имобиле.
11 – Here is the #SerieA 2019/20 best XI based on Opta Data. Sublime.#OptaTopXI pic.twitter.com/XTdK3koYLT
— OptaPaolo (@OptaPaolo) August 3, 2020
-
Лига на шампионипред 16 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
НБАпред 16 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 17 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон
-
АТПпред 13 часа
Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…
-
Лига на шампионипред 15 часа
Енрике во негов стил: Ќе победевме и без црвениот картон
-
Лига на шампионипред 13 часа
Гундоган: Секој детаљ се казнува во ЛШ, подобро да примевме гол…
-
ВТАпред 11 часа
Ѓорческа ја надигра шестата носителка на силниот турнир во Копер
-
Лига на шампионипред 18 часа
Тер Штеген со сосема поинаков став од Чави за црвениот картон на Араухо