Поврзете се со нас

Шпанија

Операцијата пропадна, ништо од првото јануарско засилување за Куман: Ќе почекаме до лето

Објавено

на

blank

Иако пред три дена беше пренесено дека Барселона го договори првото јануарско засилување за тимот кој го предводи Роналд Куман, последните вести кои пристигнаа од Каталонија направија трансферот да пропадне и за истиот да се почека до летниот преоден рок.

И покрај тоа што трите главни кадидати за претседателската функција во Барса дадоа зелено светло за комплетирање на ангажманот на Ерик Гарсија уште во јануари, одложените претедателски избори сега направија промена во планот и ја стопираа операцијата.

Изборите требаше да се одржат на 24-ти јануари, но поради кризата со коронавирусот, истите се одложени за месец март, што предизвика директно влијание врз најавеното јануарско засилување.

Ерик Гарсија на крајот ќе мора да почека да му истече договорот со Манчестер Сити, пред и официјално да се врати во својот матичен клуб, кој веќе два преодни рока го остава на цедило во последен момент.

– Во овој момент во клубот не можат да се донесуваат толку важни одлуки. Донесовме заклучок дека треба да почекаме за играч на кого му истекува договорот на крајот на сезоната. Ако дојдеше сега, ќе требаше да го платиме трансферот и плус платата за овие шест месеци, – откри Жоан Лапорта кој всушност сега е главен фаворит за преземање на претеседателската функција на „Камп Ноу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни