Поврзете се со нас

Германија

Опенда и Шешко донесоа прва радост за Лајпциг во 2024 година

Објавено

на

foto:twitter.com/RBLeipzig

Тимот на РБ Лајпциг ја забележа првата победа во 2024 година во Бундеслигата и тоа во дуелот со Унион Берлин кој го доби со 2-0.

„Биковите“ загубија од Ајнтрахт Франкфурт, Баер Леверкузен и Штутгарт во претходните три рунди, па денеска беа повеќе од мотивирани да стават крај на лошата серија, цел која ја остварија.

Избраниците на Розе беа поконретни и го погодоците на Опенда во 11 минута и на Шешко во 48 се изборија за 11 славје во сезоната и со тоа дојдоа на само бод од четвртопласираната Борусија Дортмунд.

Нашиот Елиф Елмас одново имаше статус на резервист и играше од 77 минута кога го замени одличниот Дани Олмо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни