Поврзете се со нас

АТП

Опелка откако го шокираше Ѓоковиќ: Тешко е да се биде во негова позиција

Објавено

на

Foto:x.com/BrisbaneTennis

Рејли Опелка пред две ипол години беше 17-ти тенисер на АТП листата и направи голем напредок во светскиот тенис, но во последно време се мачеше да ја пронајде својата најдобра форма и падна на 293-то место.

Американецот од оваа позиција влезе во денешниот дуел со Новак Ѓоковиќ, а јасно е дека по денешниот исход ќе направи скок на АТП листата и ќе влезе со далеку поголема самодоверба во 2025-та година.

Опелка направи огромно изненандување и го шокираше фаворитот со 7:6 и 6:3, па откако му го нанесе првиот пораз на Ноле во новата сезона, „бомбардерот“ покажа класа со зборовите кои му ги испрати на својот ривал.

– Новак е најголемиот играч кој некогаш играл во нашиот спорт. Сметам дека навистина е многу тешко да се биде во негова позиција. Тој може да ги гледа моите тренинзи и моите мечеви како анализа, но реалнсота е дека ние играме послободно кога играме против него.

– Немаме што да загубиме и преземаме големи ризици. Ако играте нормално и малку над своите можности, немате шанси да го победите. Мора да ризикувате, а денеска се одеше на моја страна. Тешко е да се биде во негова кожа бидејќи тој секогаш е оној што има што да изгуби. Работите беа на моја страна денеска и на крајот ваквиот резултат беше неизбежен, – изјави Опелка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни