Македонија
Опасен момент: Маргвелашвили постигна гол, па се заби во метална шипка зад голот (Видео)

Струга ова попладне успеа да ја зголеми предноста на првенствената табела во однос на Шкупи, откако лидерот на табелата славеше на гостувањето кај Работнички, а бранителот на титулата освои бод против Академија Пандев.
Шкупи наиде на доста потешкотии против „пандевци“ поради директниот црвен картон кој го заработи Адем уште во раната фаа на мечот, но и покрај тоа поведе и имаше водство до 79-та минута.
Адем беше оправдано исклучен поради невнимателен старт во 27-та минута, но само четири минути подоцна, Шкупи поведе со голот на Маргвелашвили.
Гаги најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја погоди мрежата, но веднаш после тоа имаше голема незгода и ги преплаши сите фудбалери на теренот. Грузиецот се заби во металната шипка зад голот која служи за правилно држење на мрежата, па натпреварот беше во прекин додека му се укажуваше лекарска помош.
И покрај шокот, играчот на Шкупи го продолжи мечот и не го остави својот тим, кој сепак во вториот дел капитулираше и прими гол од Велиновски за 1:1.
Ова е важен резултат во битката за титулата, бидејќи Струга го победи Работнички со 0:1 (стрелец беше Малески) и сега има четири бода предност на првенствената табела.
На останатите две средби, разиграниот Силекс славеше над Победа со убедливи 1:5, а Македонија Ѓорче Петров победи над Тиквеш со 0:1.
-
Балканпред 7 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Светпред 20 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
-
Балканпред 15 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Жорди Алба откри што купил со првиот милион кој го заработил
-
Францијапред 6 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Шпанијапред 4 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Англијапред 6 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Англијапред 24 часа
Шпанската ѕвезда на Сити: Освојувањето на Премиер лигата е како да сте освоиле Лига на шампиони!