Поврзете се со нас

Мото ГП

Онборд камерите на Роси и Вињалес потврдуваат дека двајцата имаа многу среќа во Австрија (Видео)

Објавено

на

Мото ГП трката на патеката во Австрија беше привремено прекината поради големиот инцидент на Жоан Зарко и Франко Морбидели, а инволвираните минаа без посериозни последици.

Она што дополнително ги шокираше фановите е опасноста која беше видлива по другите учесници на трката на „Ред Бул Ринг“, посебно за Валентино Роси и Маверик Вињалес.

Моторциклите и делови од нив летаа преку патеката, а онборд камерите на моторциклите на Роси и Вињалес покажуваат дека двајцата имале многу среќа и можеле да настрадаат посериозно како колатерална штета од инцидентот на патеката.

За опасноста сведочи и реакцијата на искусниот Роси, кој подоцна го освои петтото место на трката.

Победата ја обезбеди Андреа Довициозо за кого ова е прв триумф сезонава за тимот на Дукати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни