Лига на шампиони
Онана со „вонсериска проценка“ му сервираше подарок на Ливерпул (Видео)

Ајакс одлично му парираше на Ливерпул во првиот час и имаше позитивен резултат, се до катастрофалната грешка која ја направи голманот Андре Онана кој шокираше со својата ужасна проценка.
Гостинскиот голман директно кумуваше за водството на домашниот тим во 58-та минута, бидејќи при еден „мек“ центаршут кога топката одеше бавно во воздухот, одлучи да ја остави истата со идеја да добие гол-аут.
Наместо тоа, Онана беше жестоко казнет за својот непромислен потег, бидејќи Куртис Џонс ја испрати акцијата до крај и ја погоди празната мрежа за водство од 1:0.
Благодарение на подарокот, Ливерпул си обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите, додека Ајакс и Аталанта во директна пресметка во Амстердам ќе одлучуваат кој ќе патува во следната рунда.

- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 24 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 18 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 17 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!
- Светски првенствапред 16 часа
Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат
- НБАпред 23 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)