Лига на шампиони
Онана: Сити ќе треба да докаже дека е најдобар тим во светот

Интер стигна до можност да се бори за уште еден трофеј во Лигата на шампионите, а против себе ќе го има англискиот шампион Манчестер Сити.
Формата на премиерлигашот и освоените трофеи го прават Сити фаворит на хартија, но италијанскиот состав сигурно ќе се обиде да го изненади противникот во Истанбул.
Голманот Андре Онана вели дека Сити е квалитетен тим, но тоа ќе треба да го потврди во финалето.
– Мирни сме пред финалето, знаеме дека нема да биде лесно, но притисокот е кај противникот.
– Интер е голем клуб и кога стигнува во финале, негова обврска е да го освои трофејот. Не гледам дека сме во позиција на аутсајдери, историјата покажува дека имаме големи шанси да го подигнеме пехарот.
– Сити е веројатно најдобриот тим во светот во моментов, но тоа ќе треба да го потврди на терен. Ние ќе излеземе во Истанбул за да испишеме уште една историска ноќ за клубот, – вели Онана.
-
Англијапред 21 час
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 21 час
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 23 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд