Онана откри зошто ја одбил Барселона: Можеби нема да добијам друга шанса, ама…

andre-onana

Барселона во летниот преоден рок беше во потрага по нов голман кој ќе му биде конкуренција на Марк-Андре Тер Штеген, а една од опциите беше Андре Онана од Ајакс.

Репрезентативецот на Камерун добро го познава клубот од Каталонија со оглед на тоа што мина неколку години во школата пред да се пресели во Амстердам, па затоа Барселона сакаше да го ангажира и да му даде уште една шанса да се докаже на „Камп Ноу“.

Ама Онана одлучи да каже „НЕ“ и е свесен дека со тој потег може засекогаш си ги затвори вратите за враќање во Барселона која ја смета за свој дом.

-Барса ме бараше летово. Тоа е мојот дом, јас бев дел од клубот. Секогаш сакаат некој од нивните пак да потпише. Ама не беше вистинско време да се вратам.Можеби нема никогаш да добијам друга шанса, ама не беше добро време да се вратам летово, -истакна Онана кој откри дека постоеле разговори со ПСЖ, ама не дошло до договор.

Facebook Коментари