Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Онана откри каков интересен совет добил од Гвардиола пред епската победа против Реал на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFCAjax

Андре Онана ја одлежа деветмесечна суспензија од ФИФА поради пронајдено недозволено средство во неговиот организам на почетокот на месец февруари, а пред крајот на 2021-ва година, голманот на Ајакс признава дека нема по добро да ги памети овие изминати 12 месеци.

Онана се врати во ростерот на Ајакс и веќе забележа неколку настапи за тимот кој го предводи Тен Хаг, во кој сепак сега има значително помало значење со оглед на тоа што прв голман е Ремко Пасвир.

Сепак, Камерунецот има само 25 години и е уверен дека брзо ќе се врати на своето највисоко ниво, слично на она кое го достигна во 2019-та година кога Ајакс беше вистинска сензација во Лигата на шампионите.

Хајлајт беше елиминацијата на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, натпревар пред кој Онана интересно добил интересен совет од Пеп Гвардиола, тренерот кој го познава од своите младински денови во Барселона.

– Пред нашето гостување на „Бернабеу“, бев да го гледам настпреварот на Манчестер Сити против Шалке во Германија и зборував со Пеп Гвардиола за реваншот со Реал. Тој се насмевна и ми порача дека се наоѓаме во најдобра ситуација. Ми објасни дека кога сте го добиле првиот меч со Реал, не знаете дали да се браните, или да напаѓате на нивен терен.

– Ние го загубивме првиот меч и опција беше само да победиме. „Веќе сте мртви“ беа зборовите на Гвардиола, кој ми порача дека треба да излеземе на теренот и да го дадеме најдоброто за да стигнеме до победа. Тоа беше пораката која му ја пренесов на тимот, првите два шута се претворија во голови и тоа не може да го замислите ниту во најдобриот сон, – се потсетува Онана на средбата на која Ајакс славеше со 1:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни