Поврзете се со нас

Свет

Онана мина 8 илјади километри, но на крајот беше изоставен од тимот: Имам многу што да кажам……

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Андре Онана бранеше на дерби натпреварот против Тотенхем кој се одигра изминатиов викенд, но веднаш по истиот ја започна својата одисеја која траеше цели 24 часа.

Голманот на Манчестер Јунајтед мина 8 илјади километри за да стигне до Брегот на Слоновата Коска, па иако успеал навреме да стигне на стадионот на кој се играл натпреварот меѓу Камерун и Гвинеја, на крајот тој не беше вклучен во составот.

Селекторот Ригоберт Сонг проценил дека Онана не е во физичка состојба позитивно да одговори после долгиот пат, а медиумите пренесоа дека голманот навистина лошо ја прифатил оваа одлука на тренерот.

– Имам многу да кажам после вакво патешествие, но нема да кажам бидејќи сме на средина на турнир. Најважно е да останеме сплотени. Тука сме да победиме како тим и барам од фановите да не поддржат до самиот крај.

– Знам дека ќе има критики после првиот меч кој заврши 1:1, но јас сум еден од лидерите и само нека продолжат со критиките. Навикнат сум на тоа, но подготвен сум да дадам се за мојата земја. Тука сум за да ја претставувам својата земја, својот континент. Што се однесува до одлуката на тренерот, тој е оној кој одлучува. Тука сме за да победиме, без разлика кој игра, – изјавил Онана по мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни