Поврзете се со нас

Англија

Онана искрен за престојот во Јунајтед: Ми требаше повеќе време за адаптација

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Андре Онана вели дека му било потешко да се адаптира во Манчестер Јунајтед, отколку во неговиот претходен клуб Интер, но смета дека најтешкиот период е веќе зад него.

Голманот често правеше грешки и не ги импресионира фановите на „црвените ѓаволи“, но сега тврди дека допрва ќе го покаже својот вистински потенцијал.

– Требаше да поминат шест или седум месеци за да почнам да се чувствувам добро во новиот клуб.

– За мене ова беше тежок период, поради многу причини имав проблем да се адаптирам.

– Соиграчите секогаш ме потсетуваа дека сум квалитетен голман, а добив одлична поддршка и од фановите. Очекувам иднината да донесе убави моменти за сите во клубот, – рекол Камерунецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни