Поврзете се со нас

Италија

Онана: Интер заслужува повеќе почит, ја испративме Барселона во Лига Европа!

Објавено

на

foto: https://twitter.com/Inter

Андре Онана ја започна сезоната како резерва на Самир Хандановиќ, но како што одминуваа натпреварите и предизвиците, поранешниот голман на Ајакс ја зазема првата позиција во Интер и беше главен спасител на тимот во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Со неколку страшни и чудесни интервенции против Порто, Онана го одбрани голот на Интер и му овозможи на италијанскиот тим да се одбрани на „Драгао“, по што „нераѕурите“ се најдоа во ждрепката меѓу осумте најдобри тимови во Европа.

Интересно, Интер повторно доби португалски предизвик и ќе ги одмери силите со разиграната Бенфика, тим на кој многумина му даваат и предност во пресметката со тимот на Симоне Инѕаги.

Ваквите тврдења стигнаа и до голманот на Интер, кој пак возвраќа и смета дека тој и неговите соиграчи заслужуваат повеќе почит после сето она што го покажале во Европа оваа сезона.

– Интер заслужува повеќе почит во Европа, особено откако ја испративме Барселона во Лигата на Европа. Имавме тешка група со Баерн, Барселона и Викторија Плзен. Докажавме дека сме силен тим и дека сме сплотени. Не се плашиме од тоа што следи, ќе се соочиме со Бенфика и одиме на победа. Мојата цел е да победам на секој меч, – потенцира Онана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни