Поврзете се со нас

Англија

Онана е убеден: Подготвени сме за Аморим…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед има нов тренер во името на Рубен Аморим, но тој се уште не е седнат на жешкото столче и уште малку ќе остане на кормилото на Спортинг Лисабон.

Португалецот ќе го има својот прв меч за Јунајтед по репрезентативната пауза, а дотогаш „црвеноте ѓаволи“ ќе ги води Руд Ван Нистелрој кој се уште не знае дали ќе остане на „Олд Трафорд“.

-Не сум разговарал со него [Аморим]. Засега нема контакт, така што нема промени во тоа. Не знам ни јас до кога. Сега е тешко да се коментира [мојата иднина]. Чекам да се случат разговори. Морам да кажам дека чувствувам одговорност да се снајдам добро во текот на следната недела и тоа е моја работа. Јас сум фокусиран на тоа. Му посакувам добредојде на Рубен, среќен сум што ќе му помогнам и таква е ситуацијата во моментов, -рече Ван Нистелрој.

Голманот Андре Онана пак порача дека екипата е подготвена за Аморим и новите идеи, систем кој ќе го воведе, донесе во Манчестер.

-Тоа е различен систем, но моите соиграчи, сите сме прагматични. Секој овде е способен да го направи тоа. Тоа нема да биде проблем за нас, -порача Камерунецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни