Поврзете се со нас

Свет

Онана доби ново понижување на Африканскиот куп на нации, фановите еруптираа на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Андре Онана мина повеќе од 8 илјади километри за да стигне од Манчестер до Брегот на Слоновата Коска, но откако не беше вклучен во тимот за натпреварот од првото коло, во третото доживеа уште поголемо понижување.

Селекторот Ригоберт Сонг остана разочаран од неговото издание на вториот меч кој Камерун го загуби од Сенегал и трите примени гола резултираа со негова смена, па голманот на Манчестер Јунајтед денеска беше префрлен на клупата.

Онана беше изоставен од стартните 11 на клучниот меч против Гамбија, а без него на теренот, Камерунците го забележаа првиот триумф на Африканскиот Куп и продолжија во нокаут фазата.

Тоа значи дека Онана најмалку уште една недела нема да се враќа во Манчестер, па тоа предизвика бура од реакции на социјалните мрежи, каде му се фаќа голем сеир на чуварот на мрежата.

Со оглед на формата и статусот кој го има во репрезентацијата, навивачите на Јунајтед се израдуваа што ќе го нема уште некое време, а гифовите и сликите кои се испраќаат се навистина брутални.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни