Омонија ја потопи АЕК Ларнака, Мојсов стрeлаше во својата и противничката мрежа (Видео)

daniel mojsov

Екипата на Омонија забележа убедлива победа над АЕК Ларнака од 5-2 во најсилниот фудбалски шампионат на Кипар.

Домаќините уште во првиот дел дојдоа до водство од 4-1, а еден од тие голови беше дело на нашиот Даниел Мојсов кој си ја затресе сопствената мрежа. Во вториот дел паднаа уште два гола, по еден на двете страни со тоа што Мојсов одново стрелаша овој пат на вистинското место во мрежата на Панаги.

Ова за АЕК Ларнака беше прв неуспех во новата сезона во 4 натпревар, односно со 9 поени е на втората позиција на табелата. На овој дуел за гостите не беше во комбинација нашиот репрезентативец Иван Тричковски.

Facebook Коментари