Поврзете се со нас

Италија

Омилениот играч на Спалети го „поздрави“ Гатузо, па додаде: Кварацхелија го знаеја само во Грузија

Објавено

на

Виктор Осимен и Квича Кварацхелија се издвојуваат како две најголеми ѕвезди на Наполи оваа сезона, но поради тоа што вниманието комплетно е свртено кон нив двајца, Лучијано Спалети често знае да стави фокус и на некој друг играч од кој е посебно импресиониран.

Во последно време, тренерот на Наполи често го фалеше Станислав Лоботка и посочи дека тој му е еден од омилените фудбалери, па не се чекаше долго да пристигне информацијата дека Словакот ставил потпис на долгогодишен договор.

Наполи го награди својот неуморен борец во средниот ред и го врза до 2027-ма година, а сега тој вели дека цела заслуга за ваквата игра оди кај Спалети кој верувал во него од првиот ден.

– За разлика од Гатузо, Спалети верува во мене. Гатузо не веруваше во мене, но сега имам голема самодоверба. Се обидувам да растам благодарение на Спалети. Никој не очекуваше да имаме ваква сезона, но ова е реалноста и мора да продолжиме вака до крајот, – вели Лоботка во интервјуто за „Спорт 24“, во кое призна дека првпат слушнал за Квича Кварацхелија кога пристигнал во првиот тим изминатово лето.

– Не знаев ништо за Кварацхелија. Го знаеја само во Грузија, но дојде во Наполи и веднаш покажа за каков фудбалски талент станува збор, – додава Словакот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни