Поврзете се со нас

Италија

Омилената Панда на Видал остана во Интер, ја „ќари“ највозрасниот во првиот тим

Објавено

на

Артуро Видал ја раскина секоја врска со Интер изминатово лето и како слободен агент направи трансфер во Фламенго, па со оглед на огромната оддалеченост од Европа, сега се реши и за потег кој навистина не го посакуваше.

Неуморниот чилеански играч за врска во последните две години во Италија беше доста популарен со својот автомобил со кој пристигнуваше на тренинзите, легендарната Фиат Панда која стана сензација и меѓу соиграчите од Интер.

Видал во неколку наврати нагласи дека Пандата му е омилено возило и поради тоа не користи луксузни автомобили за да дојде на тренинг, па иако негова првична желба била да го сочува Фиатот, на крајот бил принуден да го продаде поради далечината.

Артуро на крајот сфатил дека речиси е невозможно да ја транспортира својата Панда до Бразил за прифатлива сума, што го натерало да го продаде автомобилот.

Интересно е тоа што истиот останува во семејството на Интер, бидејќи Пандата е купена од Самир Хандановиќ, највозрасниот играч во првиот тим на Инѕаги кој веќе пристигнал со Фиатот на еден од последните тренинзи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни