Македонија
Омерагиќ за иднината на Милевски во националниот тим: Нема да влечам нефудбалски потези
Масар Омерагиќ беше официјално избран за нов претседател на Фудбалската Федерација на Македонија и веќе го оформи својот поблизок круг на соработници, но за време на првите обраќање кои ги имаше како нов мандатар, даде одговор и на прашањето кое доста кружеше во фудбалските кулоари во последно време.
Првиот човек на македонскиот фудбал најави дека ќе следат големи промени и реформи во младинските категории, но кога е во прашање најсилната репрезентација, навести дека засега нема да се влечат радикални потези, односно работата на актуелниот селектор е сигурна.
Благоја Милевски има важечки договор и уживаше огромна доверба од Муамед Сејдини, па иако се појавија шпекулации за негова смена со новата гарнитура во Федерацијата, Омерагиќ изречно нагласи дека нема да влече нефудбалски потези.
– Во овој момент не се размислува за смена. За волја на вистината, ние бевме први во групата во Лигата на нации и не планирам да влечам нефудбалски потези.
– Факт е дека имаше одредена криза во играта и резултатите, но сега сме први во групата и веќе во март ги започнуваме квалификациите за настап на Светско првенство. Едноставно е за сите работници во фудбалот. Како за мене, така и за селекторите, резултатите ќе ја одредат судбината. Милевски моментално е селектор на А репрезентацијата и во тој поглед не планирам никакви промени. Нормално, во иднина се ќе зависи од резултатите и од игрите на репрезентативците, – порача Омерагиќ.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…