Репрезентација
Омерагиќ со порака по победата на Македонија: Фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат…

Македонската сениорска репрезентација го оправда статусот на фаворит и издвојува победа над Лихтенштајн од 3-0 на отварањето на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство кое е закажано за 2026 година.
Со головите на Трајковски, Муслиу и Миовски дојдовме до трите посакувани бода во Вадуц, победа која е одлична најава за соочувањето со Велс на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ им ја честита победа на репрезентативците и воедно го покани сите љубители на фудбалот да дојдат да го поддржат националниот тим на 25 март и со тоа да помогнат затоа што сите собрани средства од билетите ќе бидат наменети за повредените и семејствата на загинатите во Кочани.
-Сакам од срце да им честитам на нашите фудбалери за победата, карактерот и борбеноста. Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите.
-Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе. Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена, -порача претседателот на ФФМ.
-
Италија21 час
Гулит: Тоа што го доживеав во Милан пред неколку месеци беше ужасно
-
Италија18 часа
Милан постигна три гола за финале и го остави Интер без сонот наречен „триплета“ (Видео)
-
Шпанија23 часа
Фиго: Тоа што му се случи на Анчелоти по елиминацијата од Арсенал беше апсурдно!
-
Англија20 часа
Саха со „специјална“ титула за играч на Јунајтед: Тој е разочарување на сезоната!
-
Шпанија21 час
Тренерот на Мајорка му се поклони на еден играч на Барса: Се молев да застане…..
-
Англија8 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија18 часа
Мајсторијата на Арда доволна за тешка и важна победа за Реал (Видео)
-
Англија22 часа
Челси го краде новопочениот шпански репрезентативец „пред носот“ на Реал