Македонија
Омерагиќ сака да го реши проблемот во репрезентацијата: Мора да се седне на маса со двајца важни играчи
Масар Омерагиќ вчера го доби најважниот престол во македонската Куќа на фудбалот, односно едногласно доби акламација за нов претседател на Фудбалската Федерација.
Омерагиќ го наследува Муамед Сејдини на најодговорната функција во македонскиот фудбал и во наредните години ќе работи на подобрување на сите аспекти за дополнителен раст на репрезентациите, но секако и за еволуција и напредок на клупскиот фудбал во нашата земја.
Новиот мандатар уште вчера најави дека со стартот на наредната сезона ќе биде имплементиран ВАР систем во Првата лига, а за тоа говореше и на денешниот брифинг кој го имаше со новинарите.
– Имаме јасен план за ВАР системот и сметаме дека 6 месеци е повеќе од реален рок за имплементирање на видео технологијата. За тоа време ќе ги завршиме сите технички потреби и ВАР треба да се користи во нашата лига од стартот на сезоната 2025/26.
– Новитет треба да биде и тоа што ќе се играат по два натпревари во петок, сабота и недела, планот е веќе да не доаѓа во предвид да се играат по шест натпревари во исто време. Ќе работиме и на подобрување на инфраструктурата, целта е да се постават рефлектори онаму кадешто нема, – порача Омерагиќ, кој најави дека ќе делува без милост кога се во прашање неправдите кои биле актуелни во младинските репрезентации.
– Сите селектори кои биле подложни не неправда и клиентелизам ќе бидат разрешени во младинските категории. Стратев останува координатор на сите селекции, а отсега Ѓорѓи Хрисов е новиот одговорен човек за младите. Тој ќе биде директор на сите младински селекции. Очекуваме со овие реформи да видиме резултат за две години отсега, – додаде новиот претседател, кој одново ја „начна“ темата Милевски, како и онаа за враќање на елитни репрезентативци како Ристовски и Адеми.
– Милевски ја има нашата поддршка и останува селектор, а една од целта ќе биде заеднички за седнеме на маса и да видиме што ќе се прави со Ристовски и Адеми. Тие се многу важни во Динамо, да видиме дали ќе се вратат во репрезентацијата. Мора да се разговара со такви играчи и да се рагледаат сите ставови, – најави Омерагиќ.
-
Англија15 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија17 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација10 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија8 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија21 час
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија11 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)