Македонија
Омерагиќ пред делегатите на собранието на ФФМ: Време е да поставиме нови стандарди

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржува редовно изборно собрание, на кое претседателот Масар Омерагиќ добива и целосен четиригодишен мандат на највисоката функција во ФФМ.
Во присуство на 65 од 66 делегати регистрирани за собранието, Омерагиќ го отворил собранието со обраќање во кое направил кратка анализа на затекнатата ситуација во ФФМ, како и генералниот план кој треба да донесе напредок во рамките на неговиот прв мандат.
– Денес, по речиси три месеци од преземањето на функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија, пред вас стојам со обврска да ви се обратам отворено, искрено и одговорно. Свесен бев дека ме очекуваат големи предизвици, но затекнатата состојба во федерацијата беше покомплицирана од очекуваното.
– Важно е да зборуваме транспарентно за финансиската состојба, бидејќи секоја стабилна и успешна организација мора да се потпира на одговорно управување со средствата. Факт е дека во изминатите две години федерацијата имала повеќе расходи отколку приходи. Ова е сериозен предизвик што укажува на потреба од подобро планирање, поголема контрола и појасна финансиска стратегија. Само во реалното работење, федерацијата е во минус од еден милион евра.
– Фудбалската академија, која треба да биде срцето на развојот на нашиот спорт, се соочуваше со сериозни предизвици – недоволни услови за работа, непродуктивни трошоци и пробиен буџет. Без јасна стратегија и без вистинска поддршка за младите таленти. Младинските категории, кои се основата на секоја репрезентација, немаа доволна поддршка и јасен долгорочен план за развој. Потребно е подобро организирање, како и повеќе ресурси за нивен напредок.
– Дополнителен проблем беше и состојбата на административната зграда, која треба да ја симболизира сериозноста и професионалноста на федерацијата. Се соочивме со предизвици и во односите меѓу вработените, што дополнително влијаеше на ефикасноста на работењето.
– Од особена важност е прашањето за инвестициските фондови за инфраструктура. Средствата предвидени за овие проекти се потрошени до 2028 година, но резултатите не се на очекуваното ниво. Голем дел од инвестициите беа насочени кон проекти што сèуште не се целосно функционални, а стадионите и терените, кои требаше да бидат подобрени, сè уште не нудат соодветни услови за клубовите и фудбалерите.
– Сепак, во овој период имавме и светла точка – нашата А репрезентација, која ни донесе гордост и докажа дека со тимска работа и верба во сопствените квалитети можеме да постигнеме големи резултати. Нивниот успех треба да биде поттик за подобрување на целиот фудбалски систем, од најмладите категории до највисокото ниво.
Но, наместо да се навраќаме на минатото, наша должност е да гледаме напред и да работиме на подобрување на состојбата. Веќе преземаме конкретни чекори:
• Финансиска ревизија на сите досегашни проекти, со цел да обезбедиме поголема транспарентност.
• Нова стратегија за инвестиции во инфраструктура, насочена кон реалните потреби на клубовите, а тоа се терени за тренинг и терени за натпревари, особено во Првата и Втората лига.
• Строг надзор над трошењето на средствата, за да се осигураме дека инвестициите одат во вистински проекти што ќе донесат долгорочни резултати.
– Време е да поставиме нови стандарди во нашето работење. Нашата цел е да изградиме федерација што ќе биде стабилна, транспарентна и посветена на напредокот на македонскиот фудбал. Ова не е лесен процес, но е неопходен.
Пред нас е многу работа, но ве уверувам – федерацијата повеќе нема да биде симбол на неорганизираност, туку институција што ќе работи професионално и во интерес на македонскиот фудбал.
Македонскиот фудбал го заслужува тоа“!, – порачува Омерагиќ.
-
Шпанија12 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија16 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија17 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови5 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Лига на шампиони16 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија8 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Шпанија12 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Англија10 часа
Акција од соништата: Продор на Сака, магија од Мерино и завршница на Мартинели (Видео)