Репрезентација
Омерагиќ по митингот во Сараево: Делиме слични предизвици со Федерациите од регионот

Масар Омерагиќ и генералниот секретар Дрилон Ганиу беа дел од вчерашниот регионален митинг на фудбалските Федерации кој се одржа во Сараево, а по остварената средба со претседателите од соседството, заклучокот е дека речиси сите се соочуваат со исти предизвици.
Омерагиќ како нов претседател на македонската фудбалска Федерација ги изнесе впечатоците од вчерашната средба во Босна и Херцеговина, на која имаше можност да се сретне и со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
– Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања.
– Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн.
– Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал, – изјави Омерагиќ.
-
Македонија18 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Шпанија21 час
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија20 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија24 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Европски првенства20 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 119 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА23 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)
-
Свет14 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)