Поврзете се со нас

Македонија

Омерагиќ: Ќе предложам затворање на фудбалската Академија

Објавено

на

Фото: ffm.mk

Фудбалската Академија на ФФМ беше оформена како капитална инвестиција од УЕФА и планот беше истата да продуцира голем број македонски таленти за сите репрезентативни категории, но праксата на покажа дека актуелниот формат во кој работи Академијата не носи никаков резултат.

Масар Омерагиќ денеска доби акламација како претседател на редовното генерално собрание и како прв човек на македонскиот фудбал даде мислење и на оваа тема, односно најави дека ќе предложи затворање на фудбалската Академија и ќе форсира инвестиции за подобрување на инсфраструктурата на глобално ниво во земјата.

– Приоритет ќе ни биде инвестиција во терени, сакаме да ги реновираме терените, а не пасивната инсфраструктира која нема влијание за развој на фудбалот. Главен фокус ќе ни бидат терените за натпревари, но и оние за тренинг, треба да создадеме подобри услови за игра, а не на трибините.

– Што се однесува до фудбалската Академија, таа остаснува иста. Не гледам нормална причина таа Академија да продолжи да функционира како досега. Овој формат не испадна добар, а како луѓе кои добивме четиригодишен мандат, сега треба да донесеме одлука што ќе правиме следно. Децата кои се во Академијата тренираат фудбал, но не играат натпревари. Нема натпреварувачки карактер и формат, фудбалер се станува само со натпревари во нозе.

– Има многу недостатоци во целиот проект, пробиен е буџетот од претходно, но многу брзо треба да донесеме одлука. Најверојатно ќе предложам затворање на Академијата, сметам дека на овие деца многу подобро им било да бидат во опкружување со своите семејства, да се развиваат како личности до своите најблиски, а потоа преку клубовите да ја добијат својата шанса, – изјави Омерагиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни