Македонија
Омерагиќ избран за претседател на ФФМ: Новиот лидер најави голем новитет во мак-фудбалот
Македонската Фудбалска Федерација го доби својот седми претседател во својата историја, а тоа од денеска и официјално е Масар Омерагиќ.
Како единствен кандидат на денешното Вонредно Собрание кое се одржа во хотелот „Хилтон“ во Скопје, Омерагиќ беше едногласно избран и доби акламација од сите присутни делегати, па така и дефинитивно стана човекот кој отсега ќе заседава во најважното фудбалско тело во нашата земја.
При своето обраќање како наследник на Муамед Сејдини, Омерагиќ нагласи дека вратата ќе биде ширум отворена за секој оној кој сака да му помогне на македонскиот фудбал, а притоа апострофираше дека во неговиот тим ќе преовладуваат чесноста, транспарентноста и чистиот образ.
– Приоритет ќе ни биде реконструкција на работата во младинските категории. Не го искористивме пласманот на Европско првенство како што треба и не добивме наплив на нови играчи. Стагнираме во младинските категории, имаме лоши резултати и планираме да направиме реформа која во две години треба да донесе резултати.
– Младинските категории треба да бидат расадник за играчи во У21 репрезентацијата, а потоа оттаму да се црпи најдоброто за А селекцијата, – изјави Омерагиќ кој соопшти и голем новитет во мак-фудбалот, односно имплементација на ВАР системот во Првата лига од сезоната 2025/26.
-
Светски првенства13 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет22 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Светски првенства12 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Репрезентација22 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Англија14 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија12 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Италија21 час
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија14 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)