Поврзете се со нас

Македонија

Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!

Објавено

на

Пролетниот дел од сезоната во Првата македонска сезона полека се приближува и прволигашите се подготвуваат за клучниот дел од шампионатот, период кој треба да послужи како добар увертира за имплементирање на нови алатки во нашиот фудбал.

Масар Омерагиќ како нов претседател на ФФМ најави дека сите кои се вклучени во новиот проект забрзано ќе работат за имплементирање на ВАР системот со почеток од наредната сезона, но за да се случи тоа, клучни ќе бидат наредните шест месеци.

Омерагиќ најави напредок на македонскиот фудбал во сите сфери и полиња, па со цел да им даде голем потстрек и на судиите кои често се критикувани, претседателот на Федерацијата беше присутен на судискиот семинар пред стартот на вториот дел од сезоната.

– Никој не смее да ви прави притисок, мојот телефон не е тајна и може да го добиете на многу лесен начин.

– Било кој да ви прави притисок, или било какви манипулации во мое, или туѓо име, може слободно да ми се јавите во секое време, – порача Омерагиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни