Поврзете се со нас

Македонија

Омерагиќ херој на Вардар на гостувањето во Кратово (Видео)

Објавено

на

Силекс долго водеше против Вардар на натпреварот од Првата македонска фудбалска лига, но на крајот освои само бод (1:1) на денешното дерби во Кратово.

Голманот Талески не реагираше најдобро во 12. минута и Аниќ го казни тоа за рано водство на домаќините, кои подоцна решија да се фокусираат на одбраната, посебно откако Донов заработи црвен картон во финишот на првиот дел.

Силекс не ги искористи можностите од контра, а Вардар профитираше од иницијативата во 95. минута, кога Омерагиќ ги постави конечните 1:1, користејќи одбиена топка во шеснаесетникот.

За Вардар ремито е продолжување на позитивната серија и 21 бод за осмото место на табелата, додека сега има четири бодови помалку од лидерот Шкендија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни