Поврзете се со нас

Европски првенства

Олмо: Неверојатно е да се биде во финалето, на чекор сме од славата

Објавено

на

Како што е познато Шпанија е првиот финалис на ЕП, а еден од јунаците на „црвената фурија“ во мечот со „триколорите“ беше Дани Олмо

„Неверојатно е да се биде во финалето. Не е важно кој постигна гол, важна е победата. Заслужуваме да бидеме во финалето и сега сме на чекор од славата“ изјави шпанскиот репрезентативец Олмо по победат над Франција.

„Триколорите“ поведоа во деветтата минута со голот на Рандал Коло Муани, но Шпанците до крајот на полувремето го сврте резултатот со головите на Ламине Јамал и Дани Олмо.

„Примивме рано гол, но не се откажавме. Потоа Ламине постигна апсолутно неверојатен гол“, додаде поранешниот играч на Динамо Загреб и продолжи:

„Кого сакам во финалето? Не е важно против кого играме“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни