Шпанија
Олмо ја испрати првата порака откако Барселона дозволи да стане слободен агент (Фото)
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/08/dani-olmo.jpg)
Дани Олмо уште во првите неколку месеци се увери дека финансиската состојба во Барслеона е далеку од идеална, бидејќи после првата епизода која ја имаше со пропуштени две рунди на стартот на сезоната, сега се најде во ситуација да биде нерегистриран на средина на истата.
Барселона имаше рок да го реши проблемот со Ла Лига до вчера на полноќ, но откако клубот не достави легитимна гаранција за влез на поголема сума на пари, одговорните луѓе на шпанското фудбалско првенство го одбија барањето на Жоан Лапорта и утрово ги прецртаа Дани Олмо и Пау Виктор од списокот на играчи на Барса.
Тоа значи дека двајцата добиваат статус на слободни агенти, но и покрај целиот неверојатен заплет, Барселона како клуб верува дека брзо ќе го реши горчливиот проблем и дека ќе успее да ги пријави и регистрира и двајцата.
Каталонскиот великан рано утрово испратил допис до шпанската Фудбалска Федерација преку кој бара издавање на посебна лиценца за да ги задржи споменатите двајца фудбалери, а иако методите на Лапорта досега не изгледаат баш убедливи, Олмо очигледно има максимална верба во претседателот.
Шпанскиот репрезентативец испрати прва порака на социјалните мрежи по повод новата 2025-та година, а притоа испорача и две срца во боите на Барселона, што јасно укажува на тоа дека својата иднина ја гледа на „Камп Ноу“.
– Време е за 2025-та година……
It’s 2025 time 💙❤️ pic.twitter.com/sGUUF9ryZD
— Dani Olmo (@daniolmo7) December 31, 2024
-
Светски првенства14 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија14 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП12 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
Светски првенства23 часа
Луд финиш во режија на браќата Душебајеви: Алекс погоди, Даниел спречи чист гол во последната секунда (Видео)
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија11 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија22 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна