Поврзете се со нас

Шпанија

Олмо: Барам три големи работи од новата 2025. година

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Барселона се уште го нема разрешено случајот „Дани Олмо“ и засега непознато е дали тој ќе му стои на располагање на Ханси Флик од 1-ви јануари, од едноставна причина што шпанскиот репрезентативец беше регистриран за првиот тим само до крајот на оваа година.

Финансиските проблеми направија Барселона да не може да го пријави Олмо за првите две рунди и тој ги пропушти натпреварите со Валенсија и Атлетик Билбао, за потоа да дочека повреда на Кристенсен која му овозможи на Лапорта да го регистрира фудбалерот на доста непопуларен начин.

До овој момент, Барселона се уште не пронајде правен договор со Ла Лига да го реши проблемот, но од клубот уверуваат дека се ќе биде решено до 1-ви јануари и кажано му е на фудбалерот дека својата иднина треба да ја гледа во Барселона.

Доказ за тоа е и предновогодишното интервју кое го направи Дани со каталонски „Спорт“, обраќање кое го искористи за да ги посочи своите три големи желби, но да ги издвои и најубавите два моменти од годината која полека изминува.

– Од Новата година барам три големи работи. Прво и основно, здравје за мене и сите околу мене. На второ место, успеси со Барселона и репрезентацијата, а на трето место се трофеите. Сакам да освоиме трофеи во 2025-та година и се надевам дека ќе успееме во тоа.

– 2024-та ќе ја паметам по многу нешта. Ова беше специјална година за мене, но посебно се издвојуваат две. Освоената титула на Европското првенство и пречекот во Шпанија беа нешто неверојатно, а потоа следеше трансферот во Барселона. Тоа се двете работи кои ја одбележаа годината за мене, – потенцира Олмо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни