Поврзете се со нас

Франција

Жиру би можел да си оди од Челси во јануари и да се врати во Франција каде ќе добие поголема минутажа

Објавено

на

Искусниот напаѓач на Челси, Оливие Жиру доби понуда да си оди од англискиот клуб во јануарскиот преоден рок.

Како што пренесува угледниот „Ле10 Спорт“, за Жиру постои сериозен интерес од тимот на Марсеј од каде се подготвени да му понудат солидна плата и што е уште поважно, загарантирано место во првите 11 во тимот предводен од Андре Вилјаш Боаш.

Жиру постојано прикажува солидни партии кога и да добие шанса од Френк Лампард, но младиот стратег на Челси не му ја дава често приликата, па фудбалерот ќе мора сериозно да размисли дали ќе остане во клубот и во јануари.

Доколку неговото време на игра не се подобри постои можност тој да не биде повикан во селекцијата на Франција за претстојното Европско првенство кое е закажано за летото 2021 година.

На 14 натпревари оваа сезона Жиру има постигнато осум погодоци, но и тоа не е доволно тој да ја заземе напаѓачката позиција каде ротира со Тимо Вернер и Тами Абрахам, па тоа би можело да го натера да ја прифати понудата од Марсеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни