Поврзете се со нас

Италија

Оливие принудно беше голман: Жиру со прв коментар по клучната одбрана во 104. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Натпреварот меѓу Џенова и Милан понуди завршна драма на „Луиџи Ферарис“, во која главната улога на крајот ја имаше Оливие Жиру кој принудно ја менуваше својата позиција на теренот.

Набрзо по голот на Кристијан Пулишиќ кој се покажа како победнички, Милан влезе во проблеми поради исклучувањето на Мењан, но работата ја спасуваше искусниот француски голгетер.

Жиру ги зема ракавиците и дресот од својот соиграч кој доби црвен картон, па во долгото судиско продолжение имаше и улога на голман.

Оливие најпрво имаше многу среќа по слободниот удар на Гудмундосон кога топката заврши во гредата, но потоа во 104-та минута имаше одлична интервенција и ја спасуваше победата на Милан.

– Никогаш немам искусено ваков момент во фудбалот. Горд сум на мојот тим, се боревме до крајот и имав добра одбрана. Имав среќа претходно кога  топката заврши во гредата, но севкупно се боревме како лавови за трите бода и посебно сум среќен за фановите кои допатуваа тука, – изјави Жиру.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни