Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Оливер „не виде“ пенал за Миовски во клучен момент, Џирона не успеа да му парира на ПСВ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/GironaFC

Шпанска Џирона доживеа уште еден пораз во Лигата на шампионите, а вечерва тој е изразен со четири примени голови на гостувањето кај ПСВ Ајндховен (4:0).

Бојан Миовски беше стартер за гостите и ја имаше првата голема шанса на натпреварот, но неговиот удар беше одбранет од страна на домашниот голман Бенитез.

Подоцна, Фламинго го отвори резултатот, а Тилман во 33. минута го зголеми водството на 2:0, по што во финишот на првиот дел се случи и еден контроверзен момент во кој во главна улога беа англиските судии.

Миовски беше во дуел со еден од играчите на ПСВ и заработи удар откако прв дојде до топката, но најпрвин Мајкл Оливер судеше контра прекршок, а проверката во ВАР собата не донесе до повик за проверка на ситуацијата.

Во вториот дел, ПСВ само ја комплетираше победата со голот на Бакајоко и автоголот на Крејчи, а гостите од 55. минута останаа и без исклучниот Мартинез.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни