Англија
Оливер добивал смртни закани, но инсистира да продолжи да суди во ЛШ и Премиер лигата

Мајкл Оливер добивал секакви закани и полициска заштита поради истите, но не сака ни привремено да се откаже од својата работа.
Телото задолжено за делегирање на судиите во Премиер лигата му предложило на Оливер да одмори по контроверзите на дуелот меѓу Волвс и Арсенал, но тој ги информирал надлежните дека сака да му биде доделен натпревар.
Оливер се најде во центарот на вниманието поради црвениот картон кој му го додели на Мајлс Луис-Скили од Арсенал, по што пријавил во полиција дека добивал многу навредливи пораки, но и смртни закани во кои се вмешани и сопругата и неговата ќерка.
Судијата ги информирал англиското надлежно тело и УЕФА дека сака да продолжи со вообичаените активности, па викендов ќе го суди натпреварот меѓу Ипсвич и Саутемптон, а утре ќе биде главен судија и на дуелот меѓу Барселона и Аталанта.
Она што дефинитивно не можеше да го добие Оливер е дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити.
Навивачите на Арсенал беа лути на одлуката за исклучување на младиот фудбалер уште во првото полувреме, а одлуката на Оливер беше потврдена и од ВАР собата.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)