Поврзете се со нас

Олимписки игри

Олимпискиот победник на 200 метри го „поздрави“ Лајлс: Не сум толку арогантен и гласен како него (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Olympics

Летсил Тебого стана нов олимписки шампион во престижната атлетска трка на 200 метри, оставајќи го главниот фаворит Ноа Лајлс без „планираниот“ златен медал.

Американскиот атлетичар победи во драматичен финиш на трката на 100 метри, но немаше сили да му се спротивстави на Тебого, за по финалето да објави дека бил позитивен на ковид и дека тоа му создало многу проблеми последните неколку денови.

Познат по својот темперамент и за многумина арогантно однесување на тартанот и надвор од него, Лајлс добил „поздрав“ и од Тебого на официјалната прес-конференција. Атлетичарот од Боцвана бил прашан дали очекува да атакува на рекордот во конкретната дисциплина и да стане една од главните ѕвезди на својот спорт, на што дал интересен одговор.

– Не можам да бидам заштитно лице на атлетиката бидејќи не сум толку арогантен или гласен како Ноа. Поради тоа верувам дека тој останува заштитно лице на спортот, – истакнал Тебого, кој го донесе првиот златен олимписки медал за својата земја.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни