Поврзете се со нас

Олимписки игри

Олимписка бајка: Туниски тинејџер едвај се пласираше во финалето, па приреди сензација на пливачкиот турнир (Видео)

Објавено

на

Вториот официјален ден на Олимписките игри ни ја донесе најголемата сензација, но и најубавата бајка која може да се види само на највисока сцена како што е Олимпијадата.

Тунижанецот Ахмед Хафнауи го запиша своето име со златни букви во пливачката историја на својата земја, бидејќи како 18-годишен тинејџер успеа да ги шокира фаворитите кои доаѓаат од пливачки велесили.

Младиот Ахмед едвај избори пласман во финалето на 400 метри слободно и стартуавше во 8-та патека, но иако заостануваше речиси цела трка, во последното вртење го извади најдоброто од себе и приреди сензација.

Конечното време на Тунижанецот беше 3:43,36 минути, што беше доволно за да заврши пред Австралиецот МекЛоглин и Американецот Смит.

Реакцијата на Хафнауи по победата како вистински аутсајдер ја воодушеви светската спортска јавност, а уникатна беше и реакцијата на неговиот тренер на трибините.

Интересно беше и на доделувањето на медалите, бидејќи скромното 18-годишно момче се појави во маичка и шорцеви, за разлика од неговите ривали кои имаа посебна опрема при добивањето на одличјата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни