Олимпијакос жестоко казнет поради инцидентите предизвикани од навивачите (Видео)

olimpijakos-fanovi

Олимпијакос во моментов заостанува на табелата зад ривалите АЕК и ПАОК, а таа разлика ќе биде дополнително зголемена поради казната која денеска му е доделена на клубот од Пиреја.

Поради дивеењето на навивачите на Олимпијакос на дербито со АЕК, дисциплинската комисија му одзеде три бода на актуелниот првак, а истовремено следните две средби на домашен терен ќе ги игра без публика.

Навивачите на Олимпијакос збеснаа поради поразот од АЕК и влетаа на теренот каде имаа жесток судир со полицијата, а инциденти правеа и пред и по средбата на која нивниот тим беше домаќин. Поради казната, Олимпијакос ќе ги пречека Паниониос и Панатинаикос без публика, a ќе има заостанување и од девет бодови зад лидерот ПАОК.

Facebook Коментари