Олимпијакос покажа моќ, Перо и Звезда „изгореа“ во Пиреја

pero-soigraci

Перо Антиќ и неговите соиграчи од Црвена Звезда беа убедливо поразени од ЦСКА Москва на домашен терен пред неколку дена во Белград, а мора да се напомене дека не минаа ништо подобро и на вечерашното гостување во Атина каде едноставно „изгореа“ во пеколот во Пиреја.

Во вториот меч од петочната програма во Евролигата која понуди четири пресметки, Олимпијако буквално го разби српскиот првак, победувајќи со преубедливи 85:59 во натпревар во кој македонскиот кошаркар и неговите колеги немаа што да бараат. Нашиот Антиќ мечот го заврши со девет поени и со тоа беше втор најдобар поентер во тимот, зад Рочести чие одлични индивидуално издание и 20 поени воопшто не се одразија во конечниот резултат.

Грчкиот состав едноставно доминираше во сите четири четвртини кои ги доби со плус 9, плус 11 и двапати со плус 8, статистика која дефинитивни најдобро го отсликува вечерашниот распоред на силите на теренот.

Facebook Коментари