Евролига
Олимпијакос ја намачи Барселона, Реал со подобра завршница од Монако
Барселона го победи Олимпијакос по дополнителни пет минути (79:78), а промашувањето на искусниот Слукас во последната секунда спречи и голем шок од страна на грчкиот тим во Евролигата.
Гостите од Пиреја започнаа подобро, го добија првиот период со 10:17, но Барса не ја загуби контролата, а во третиот период стигна и до девет поени предност.
Олимпијакос не планираше да се предаде и избори продолжение со резултат 67:67, а во дополнителните пет минути видовме нова драматична завршница, во која Слукас промаши за победа на гостинскиот тим.
Миротиќ со 22 и Хигинс со 11 поени беа најефикасни кај Барса, а за Олимпијакос Слукас постигна 14 поени.
Реал Мадрид го победи Монако со 94:86 во уште еден натпревар каде гостите се покажаа како тврд орев за противникот, а домашниот состав реализаторски беше предводен од Јабусел кој постигна 18 поени.
На првиот евролигашки натпревар одигран денеска, Црвена Звезда го победи Жалгирис со 73:61.
-
Шпанијапред 6 часа
Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео)
-
АТПпред 18 часа
Медведев со невкусен коментар за тенисот како спорт: Ракети одат во вселената, а ние…… (Видео)
-
Англијапред 21 час
Уште еден премиерлигашки клуб заврши со казна и одземени бодови, битката за опстанок станува „пеколна“ (Фото)
-
Италијапред 17 часа
Ачерби се огласи за расистичкиот скандал кој предизвика потрес во Италија: Знам што сум кажал на теренот
-
ВТАпред 5 часа
Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото)
-
НБАпред 19 часа
Невидена сцена во НБА лигата: Блек и Дик ги разменија дресовите и режираа циркус за паметење (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ѕвездите на Реал влегоа во клинч, Љуљ со еден потег покажа лидерство (ВИДЕО)
-
Светпред 20 часа
Германски бундеслигаш го прозва Пике: Нека дојде и да видиме дали ќе го промени мислењето (Видео)