Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Олимпијакос ја доби братската пресметка, луд меч во Норвешка (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Олимпијакос ја победи Омонија со 2-0 и направи сериозен исчекор кон обезбедување на место во групната фаза на Лигата на шампионите.

Грчкиот клуб успеа да слави во пресметката со соседот од Кипар со головите на Валбуена и Ел Араби во второто полувреме. Французинот беше реализатор на најстрогата казна во 69 минута, а пак Мароканецот со мајсторски удар во судиското продолжение стави точка на триумфот.


Луда средба со шест голови и без победник одиграа Молде и Ференцварош. Гостите до 55 минута водеа со 2-0 за да потоа на сцена стапат домашните играчи кои до 83 минута успеаа трипати да ја сместат топката на вистинското место и да направат пресврт.

Сепак унгарскиот првак го имаше последниот збор преку Харатин од пенал во 87 минута за конечни 3-3.

Во последната средба Динамо Киев славеше во Белгија над Гент со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни