Поврзете се со нас

Евролига

Олимпијакос го сруши Панатинаикос во грчкото дерби, Барселона е нов лидер во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/FCBbasket

Составот на Олимпијакос излезе како победник од големата дерби пресметка со Панатинаикос во рамките на осмото коло во Евролигата.

Клубот од Пиреја како гостин успеа да го нокаутира лутиот ривал со резултат 94:89. Сосема очекувано се водеше борба за секоја топка низ сите 40 минути, решаваа детали кои овојпат беа на страната на Олимпијакос кој заслужи да триумфира ако се земе целосната слика од овој натпревар.

Фурние и Везенков беа во елемент и искомбинираа 42 поени за победникот, Нан беше прво име кај ПАО со 20 кошеви.

Барселона ја разби Басконија со 91:68 и е нов лидер во кошаркарската Евролига со учинок 6-2. Каталонците беа доминатни во првата и четвртата четвртина, најрасположен за игра беше Весели со дабл-дабл од 17 кошеви и 10 скока. Најблиску до него беше Пантер со 15 поени.

Останати резултати:

Анадолу Ефес-Монако 69:81

Асвел-Фенербахче 73:77

Виртус Болоња-Макаби Тел Авив 84:77

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни