Олимпијакос го шокираше Арсенал во 120. минута, Обамејанг со нестварна утка се претвори во трагичар (Видео)

oba-123

Олимпијакос го изрежира најголемото изненадување во воведната нокаут рунда во Лига Европа, откако успеа да го остави зад себе поразот на домашен терен од Арсенал, такашто вечерва направи сензација на гостувањето во Северен Лондон.

Гостите од Грција дадоа гол за 0:1 преку Сисе во 53-та минута и резултатот не се менуваше до крајот на регуларните 90 минути, по што средбата отиде во дополнитени 30 минути игра во кои видовме неверојатно сценарио. Посебно возбудливо беше во вторите 15 минути, бидејќи Обамејанг најпрво постигна гол за 1:1 со кој во тој момент Арсенал беше во осминафиналето, но Габонецот во продолжение се претвори во вистински трагичар.

Ел Араби даде гол за 1:2 во 120-та минута и ги шокираше фановите на Арсенал, но некако домашниот тим успеа да создаде уште една стопроцентна шанса, а тука ужасно реагираше Обамејанг кој со утка на сезоната им овозможи на Грците да се радуваат на „Емирејтс“.

Facebook Коментари