Поврзете се со нас

Олимписки игри

Олимпијадата во Токио ќе се одржи без присуство на публика од други земји

Објавено

на

Летните олимписки игри во Токио ќе бидат одржани годинава, но без присуство на публика од други земји.

Јапонските власти и организацискиот одбор постигнале договор кој ќе биде усогласен и со Меѓународниот олимписки комитет, а според истиот, нема да има простор за спортски фанови кои не се од земјата домаќин.

Церемонијата на свечено отворање ќе биде организирана без публика, а донесените одлуки ќе важат и за Параолимписките игри.

– Организацискиот комитет одлучил дека свеченото отворање ќе се одвива без публика, односно само со спортистите и посебно поканети гости во Фукушима, – изјавил претставник на владата за локалната агенција „Кјодо“.

На овој начин домаќините сакаат да го намалат ризикот од ширењето на коронавирусот, нешто што како одлука е поддржано и од јапонската јавност.

Олимпијадата треба да се одржи меѓу 23 јули и 8 август.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни