Поврзете се со нас

Свет

Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)

Објавено

на

foto:x.com/OlimpiaMI1936

Ненад Димитријевиќ полека влегува во посакуван ритам откако ја санираше повредата, а најдобра потврда за тоа е вчерашниот натпревар против Сасари.

Македонскиот репрезентативец беше лидер на Олимпија Милано во победата изразена со резултат 78:72, нешто што беше препознаено и од администраторот на социјалните мрежи на италијанскиот клуб.

Нено беше најдобар поединец на теренот со 15 поени, 9 скокови и 2 асистенции, па Македонецот денеска се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи.

– Класа и елеганција, – гласи краткиот опис на Димитријевиќ во кој се опишува еден негов влез.

Ова е најдобар меч за Димитријевиќ откако се врати од повреда, бидејќи претходно најмногу поени постигна против Варезе (12).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни